И ова се случи…. црвен картон уште пред да започне мечот (ВИДЕО)

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И ова се случи…. црвен картон уште пред да започне мечот (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација доаѓа од шампионатот на Индија. Играчот на тамошниот тим Гоа, искусниот шпански интернационалец, Икер Гуарочена доби црвен картон пред судијата да даде знак дека мечот може да започне.

И повеќе од бизарната ситуација се случи на дуелот со Мумбаи Сити. Имено, судијата го предупреди шпанецот дека мора да го промени долниот веш (!?) поради непрописна боја (!?)….. навидум едноставната ситуација се претвори во тензија во која што Гуарочена не сакаше да ја спроведе наредбата на судијата, а овој не се двоумеше да го исклучи.

Е сега, добрата страна од оваа по малку и глупава ситуација е што домаќинот можеше да го промени составот и повторно да настапи со единаесетмина.

https://www.marca.com/futbol/2025/12/06/expulsan-espanol-india-empiece-partido-ropa-interior.html


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата