Се е подготвено за следното лето гледаме спектакуларен Мундијал. Домаќини се САД, Канада и Мексико во веројатно најспектакуларниот турнир кој што ФИФА некогаш го организирала.
Начинот на кој што истиот е организиран веќе предизвикува многу полекими. Самата ждрепка која што се одржа вчера беше во класиечн амерички стил, и траеше повеќе од два часа. Групите се извлекоа, но ФИФА има уште едно изненадување за светската јавност, ако сето она досега не беше доволно.
По теркот на американските спортови, конкретно американскиот фудбал, на финалниот меч кој што е закажан за 19 јули, планирано е да има „half time show“ или поточно кажано, мини шоу на полувремето.
Кое што секако трае повеќе од стандардните петнаесетина минути пауза на што целиот свет е навикнат кога е во прашање фудбалот.
Ова нормално дека е идеја на организаторот, поточно на САД, а ФИФА очигледно многу малку се прашува.

