Баерн со „петарда“, Аугзбург го изненади Баер

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн со „петарда“, Аугзбург го изненади Баер

Тимот на Баерн Минхен на најдобар можен начин ја покажа својата сила. Со пет гола во мрежата на Штутгарт и уште една гостинска победа која само ја потврдува доминацијата на „Баварците“ сезонава. Хет трик постигна Хери Кејн.

Од друга страна пак, изненадувачки, Аугзбург успеа да слави пред својата публика со 2:0 над Баер Леверкузен.

Келн испушти победа во последните секунди откако поведе со голот на Ел Мала, но Џонс изедначи во последните секунди за Сент Паули.

Хаиденхаим исто така заработи три домашни бода во финишот на мечот против Фрајбург со конечни 2:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата