Мануел Аканџи ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда. Дефанзивецот на Манчестер Сити заработи повреда на мускулот на крајот на првото полувреме од натпреварот против Реал Мадрид (2:3) и беше заменет.
Клубот се уште нема дадено официјална изјава за сериозноста на повредата на Аканџи, но Тајмс објави дека прелиминарните тестови покажале дека играчот ќе отсуствува неколку недели.
Поради тоа, Швајцарецот нема да може да учествува на натпреварите против Њукасл и Ливерпул во Премиер лигата, а ќе го пропушти и реваншот против Реал Мадрид.