Со месеци наназад една од најважните теми во светот на спортот е дали Карло Анчелоти ќе го одработи својот договор со “кралевите“ до јуни 2026 или по завршување на сезоната ќе мора да го напушти Реал Мадрид. Јасно е дека за неов наследник се спрена Чаби Алонсо.
Според медиумите во Шпанија и инсајдерските информации од клубот, на Дон Карло уште сега му е јасно што треба да направи ако сака да остане во Мадрид барем уште една година.
Имено од раководството на клубот му било кажано дека тој ќе остане во Реал Мадрид само ако оваа сезона успее да освои барем еден трофеј и тоа во Ла Лига или во Лигата на Шампионите.
Со оглед на тоа дека Реал во Ла Лига има и тоа како шанси да дојде до нов пехар, а во ЛШ е речиси во 1/8 финалето, се чини дека Чаби Алонсо ќе се изначека додека дојде на “Сантијаго Бернабеу“.