Севиља фуриозно кај Ваљадолид

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Севиља фуриозно кај Ваљадолид

Со триумф од 0:4 тимот на Севиља попладнево на супериорен начин освои три нови бода во домашната Примера на гостувањето кај Ваљадолид.

Последноласираниот тим на табелата малтене е вече испаднат во Секунда, а денеска поразот беше најавен уште во петтата минута преку Санчез. Ромеро на два пати до полувреме погоди за 0:3, за да во вториот дел повторно Санчез ги постави конечните 0:4.

За Севиља ова значеше 31. бод сезонава и десетта шозиција на табелата, а Ваљадолид веќе комотно може да се подготвува за испаѓање со досегашните 15. бодови.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата