Најдобриот фудбалер на Кремонезе суспендиран на 10 средби поради расизам

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најдобриот фудбалер на Кремонезе суспендиран на 10 средби поради расизам

Аргентинскиот фудбалер Франко Васкез кој го носи дресот на италијанскиот второлигаш Кремонезе е суспендиран на 10 натпревари поради расизам, соопшти денеска Дисциплинската комисија во Серија Б.

„Одлуката е донесена по извештајот на помошникот, како и дополнителен извештај што го побара Федералното обвинителство, од кое се гледа дека Васкез на крајот од мечот против Бари упатил навреда во која изразува расна дискриминација кон противничкиот играч Емил Мехди Дорвал“, се наведува во образложението на казната.

Натпреварот Бари – Кремонезе (1:1) се одигра на 15 февруари. Васкез (36) е убедливо најдобриот играч на Кремонезе во актуелниот шампионат, со девет гола на 26 натпревари. Кремонезе е четврти во Серија Б и кандидат за враќање во италијанската елита.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата