Сензација од Италија: Клоп станува тренер на Рома

20.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сензација од Италија: Клоп станува тренер на Рома

Иако Јирген Клоп за последен пат беше на клупата на некоја екипа, на Ливерпул, пред точно една година, а сега е главен во Ред Бул за фудбалот, се чини дека секој ден се јавуваат шпекулации дека тој повторно би можел да се врати меѓу тренерите. Пред извесно време се шпекулираше со Реал Мадрид, но тоа беше демантирано.

Сега во преден план е Рома. Познато е дека и по заминувањето на Германецот од Ливерпул, токму тимот од Рим го посакуваше, но тогаш не дојде до договор.

Сега одново се шпекулира дека Рома уште повеќе е заинтересирана токму Клоп да биде наследникот на Клаудио Раниери кој по завршување на сезоната, остана уште едно коло, ќе ја напушти клупата на Рома, но ќе остане во клубот како директор.

Според италијанските медиуми Клоп веќе ја прифатил понудата од „волците“, дури наведувајќи дека тоа се случило на 18 мај.

Клоп првично имал намера да почне да работи во друг клуб, кој се подготвувал за промена на сопственикот, но ситуацијата тргнала наопаку.

Во написот во „Ла Стампа“ се тврди дека Рома ќе направи голем избор на лето. Се бараат нови засилувања на шест позиции, а веќе се идентификувани централен дефанзивец од австриската Бундеслига, странски крилен играч и централен напаѓач, за кој се верува дека е Лоренцо Лука од Удинезе.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата