Никој никогаш како ПСЖ: Пехарот во рацете на блескавиот тим од Париз!(ФОТО)

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никој никогаш како ПСЖ: Пехарот во рацете на блескавиот тим од Париз!(ФОТО)

Да, никој никогаш како ПСЖ. Вечерва во Минхен се испиша историја. Не само што тимот од Париз дојде до својата прва титула во Лигата на Шампионите, туку и поради тие 5:0 против Интер.

Ова е нај убедливата победа на еден тим во едно финале во КЕШ или ЛШ во изминатите 70 години, во сите 70 финалиња во најквалитетното натпреварување во Европа.

ПСЖ покажа невидена доминација. Луис Енрике создаде вистинска МАШИНЕРИЈА.

Да се победи Интер со 5:0, тоа не го може секој.

И затоа пехарот од рацете на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин беше предаден за најдобрите во Европа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата