Составот на Манчестер Сити ќе биде радикално променет следната сезона. Пеп Гвардиола верува дека е способен повторно да изгради тим кој може да брка трофеи, но за да го стори тоа ќе мора да се ослободи од голем дел од сегашните играчи.
Според Sky Sports, седум играчи на „граѓаните“ веќе добиле известување дека нема да се потпираат на нив и можат да бараат нови клубови. Станува збор за Едерсон, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган, Бернардо Силва, Џек Гралиш и Кевин Де Брујнe.
Гвардиола го цени придонесот на секоја од седумтемина за успесите на Сити, но верува дека нивните најсилни години се сега во минатото и никој од нив нема да се врати на претходното ниво.
Јасни се и дел од трансфер целите на „граѓаните“. Меѓу нив се дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо и играчот од средниот ред на Торино, Самуеле Ричи. Веќе се водени разговори со нивните агенти.
Флоријан Вирц исто така е заинтересиран за тимот на „Етихад“, но и други големи клубови во Европа ќе конкурираат за ѕвездата на Баер Леверкузен.
По 26 кола, Мен Сити се наоѓа на 4. место во Премиер-лигата со 44 бодови.