Челзи со 4:0 успеа да го победи Саутемптон вечерва и успеа колку толку да ги залечи раните кои и тоа како се длабоки по лошите игри и резултати во оваа 2025 година.
Се беше на страната на “сините“ оваа вечер.Нкунку во 24.минута погоди за 1:0, следуваше голот на Нето во 36.минута за 2:0. Колвил во 44.минута стрелаше за 3:0 а конечните 4:0 беа дело на Кукуреља во 78.минута.
Со овие три бода сега Челзи се наоѓа на 4.место 46 бодови на табелата во Премиерлигата.