Саудиска Арабија нема да продава алкохол за време на СП 2034: Алкохол може да пиете кога ќе си одите дома!

12.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саудиска Арабија нема да продава алкохол за време на СП 2034: Алкохол може да пиете кога ќе си одите дома!

На Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2034 година ќе биде забранета продажба на алкохол. Ова го соопшти амбасадорот на Саудиска Арабија во Велика Британија, Калид ибн Бандар Ал Сауд.

„Кај нас воопшто нема алкохол. Ние сме сушна земја, како што е случајот и со времето. Во моментов не дозволуваме алкохол, но знаете, можете да се забавувате и без него. Не е 100% потребен. Ако сакате да се напиете кога ќе ја напуштите земјата, продолжете. Но, во моментов кај нас нема алкохол. Секој има своја култура и ние сме среќни што прифаќаме луѓе во нашата култура, но не сакаме да ја менуваме заради некој друг. Зарем не можете да живеете без да пиете?“, рекол дипломатот на арапската земја домаќин на Мундијалот во 2034 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата