Со двата гола кои ги постигна денеска во победата на гости против Борнмут со 0:2, Мохамед Салах дојде до бројката од 178 голови во Премиер лигата и успеа да го помине на вечната листа еден од најдобрите англиски фудбалери во последните децении, Френк Лампард.
Крилниот напаѓач на Ливерпул реализираше пенал и погоди од игра на натпреварот против Борнмут и потсети зошто е најдобар фудбалер на „црвените“ и оваа сезона. Египќанецот го мина Френк Лампард на листата и сега е на шестото место.
Повеќе голови во Премиерлигата од Салах се уште имаат Серхио Агуеро (184), Енди Кол (187), Вејн Руни (208), Хари Кејн (213) и Алан Ширер (260).