На 500-тиот меч на Симеоне: Атлетико ја совлада Мајорка и држи чекор со Реал

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На 500-тиот меч на Симеоне: Атлетико ја совлада Мајорка и држи чекор со Реал

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа екипата на Мајорка со 2:0 и продолжија да држат чекор со водечкиот Реал Мадрид. Овој натпревар беше јубилеен и за Диего Симеоне на кој ова му беше 500-ти натпревар во Ла Лига, на кормилото на Атлетико Мадрид.

Резултатот го отвори Самуел Лино со гол во 25-тата минута, а во 93-тата минута Гризман ја потврди победата на домаќините. Инаку Симеоне е дури осмиот тренер со 500 натпревари за еден клуб во Ла Лига. На овие 500 натпревари Аргентинецот има биланс од 305 победи, 112 нерешени и 82 порази.

Со оваа победа Атлетико остана на втората позиција на табелата со 48 бода, а Мајорка се наоѓа на 7-мото место со 30 бода.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата