Сагата продолжува: Ливерпул сега за Исак нуди 150 милиони евра и плус бонуси!

20.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сагата продолжува: Ливерпул сега за Исак нуди 150 милиони евра и плус бонуси!
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Како што изгледа сагата продолжува. Александер Исак иако му е кажано дека нема трансфер ова лето за него од Њукасл во Ливерпул, тој се надева дека до крајот на преодниот рок „страчките“ ќе се предомислат.

А “Редси“ сега се во нова офанзива откако имаат намера да испратат нова понуда и тоа од 150 милиони евра плус бонуси. Ако ова Њукасл го прифати тогаш тоа ќе биде најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата и трет во историјата на фудбалот, по оние на Нејмар и Мбапе во ПСЖ, од 222 милиони евра и 180 милиони.

Колку за потсетување, Њукасл на почетокот за Исак бараше 170 милиони евра, додека Ливерпул понуди 130 милиони плус бонуси.

Дали на оваа најнова понуда Њукасл ќе каже конечно – ДА?

Останува да се види.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата