Статусот и иднината на Кристијано Роналдо се меѓу главните теми на претстојниот преоден рок. Според последните инфорации се вели дека дошло до пресврт, а Роналдо потпишал нов договор со саудискиот Ал Наср.
Ова, барем привремено, стави крај на гласините дека Роналдо го напушта клубот. Се споменуваат неколку опции – од големи европски клубови за кои би играл на претстојното Светско клупско првенство, па сè до пензионирање. Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни, по што би можел да се пресели во кој било клуб без обештетување.
Португалскиот ас, кој пристигна во Ал Наср на 1 јануари 2023 година со најголемиот договор во историјата на спортот вреден 200 милиони евра годишно, одигра вкупно 111 натпревари за клубот и постигна импресивни 99 гола во сите натпреварувања.
Првата сезона на Роналдо во Саудиска Арабија беше прилагодување кон нова лига и култура, но тој веќе ја покажа својата класа. Во сезоната 2022/23, тој постигна 14 гола во 16 лигашки настапи, вклучувајќи хет-трикови.
Неговиот настап против Ал Вехда во февруари 2023 година беше особено импресивен, кога ги постигна сите четири гола во победата од 4-0, а првиот гол беше неговиот 500-ти гол во лигашките натпреварувања. И покрај неговите индивидуални успеси, Ал Наср заврши како второпласиран во лигата.
Сезоната 2023/24 беше најдобрата за Роналдо со Ал Наср, кога постигна неверојатни 50 гола на 51 натпревар во сите натпреварувања. Во Саудиската лига, тој постигна 35 гола на 31 натпревар, поставувајќи нов рекорд во лигата и надминувајќи го претходниот рекорд од 34 гола.
Во 2023 година, Роналдо го освои својот прв и единствен трофеј со Ал Наср, Купот на шампиони на арапските клубови. Тој постигна два гола во победата од 2–1 во финалето против големиот ривал Ал Хилал и заврши како најдобар стрелец во натпреварувањето со шест гола.
Тековнава сезона 2024/25 донесе уште еден импресивен настап со 35 гола на 41 натпревар. Роналдо го предводеше Ал Наср до четвртфиналето на Лигата на шампионите на АФЦ, каде што постигна осум гола на осум натпревари и остана водечки стрелец во првенството на Саудиска Арабија со 25 гола.