Саки: ПСЖ трчаше со 160 км/ч, а можеа да играат и со затворени очи

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саки: ПСЖ трчаше со 160 км/ч, а можеа да играат и со затворени очи

Тренерот кој на Милан му донесе два шампионски пехари од Лигата на шампионите во 1989 и 1990 година, Ариго Саки, по вчерашното финале меѓу ПСЖ и Интер интересно го прокоментира она што се случуваше на „Алијанц Арената“ во Минхен.

„Да бидам искрен, не знам што се случи бидејќи некои ситуации треба да се доживеат лично за да може да се проценат, но би сакал да кажам дека разликата „во нозете“, како што велат во фудбалот, направи разлика. ПСЖ трчаше со 160 километри на час, можеби и повеќе. Интер, од друга страна, тешко се движеше напред. Како резултат на тоа, „нероаѕурите“ не успеаја да создадат никаква опасност, освен вообичаените прекини. Пред сè, се восхитував на организацијата што Луис Енрике му ја даде на својот тим: се чинеше како Французите да играат со затворени очи, тие секогаш беа на вистинско место, на секој дел од теренот, никогаш не западнаа во неволја и секогаш знаеја како да управуваат со ситуациите, дури и со најтешките“, вели Саки.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата