“Редси“ наидоа на ѕид: Њукасл ја одби првата понуда вредна 140 милиони евра Исак!

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Редси“ наидоа на ѕид: Њукасл ја одби првата понуда вредна 140 милиони евра Исак!
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Јасно е дека Александер Исак на крајот ќе заврши во Ливерпул, но за тоа ќе треба малку мака да види. Имено денеска “Редси“ ја испратиле првата понуда до Њукасл вредна 140 милиони евра плус бонуси, но веднаш била одбиена.

Страчките“ го ценат својот напаѓач на 170 милиони евра, и јасно е дека Ливерпул мора уште повеќе да ја зголеми понудата барем за уште 10-15 милиони евра.

Сега почнува играта на нерви што се вели, ама јасно е дека Њукасл мора да попушти зошто во спротивно ќе си има проблем. Ќе има играч кој штрајкува или во најдобар случај играч кој не го дава максимумот.

Медиумите на Островот пак потенцираат дека не се проблем за Њукасл тие 10-15 милиони евра туку фактот дека и покрај тоа што се најбогат клуб во светот, ретко кој сака таму да оди. А тие одолговлекуваат зошто сакаат прво да пронајдат адекватна замена за Исак, па потоа да го продадат.

Најдобар пример се Екитике и Шешко.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата