Сон потврди: Си одам! Дадов сè што можев!

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сон потврди: Си одам! Дадов сè што можев!

Напаѓачот на Тотенхем, Хјунг-Мин Сон, потврди дека ќе го напушти клубот. Јужнокорејскиот интернационалец ги информираше одборот и менаџерот Томас Франк за својата желба.

„Побарав дозвола да го напуштам Тотенхем. Одлуката е донесена. Дадов сè што можев и сега ми се потребни нови предизвици“, рече Сон и продолжи:

„Ова е најтешката одлука во мојот живот. Дојдов во Северен Лондон како момче, а си заминувам како млад човек. Им благодарам на сите навивачи на Спарс кои ми дадоа толку многу љубов“, додаде 33-годишникот.

Сон се приклучи на Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Тој има вкупно 454 настапи за англискиот клуб, постигнувајќи 173 гола и 101 асистенција. Минатата сезона, напаѓачот одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола.

Се очекува Јужнокореецот да ја продолжи кариерата  МЛС, тој е во преговори со Лос Анџелес.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата