Шешко го послуша Клоп и го одбра новиот следен тим

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шешко го послуша Клоп и го одбра новиот следен тим

Најдобриот стрелец на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко, е пред да се приклучи на Њукасл. 22-годишниот напаѓач одлучил да ја продолжи кариерата со овој тим наместо со Манчестер Јунајтед, кои беа другите главни фаворити за негово потпишување, тврди словенечкото издание Дело.

Шешко веќе ги договорил личните услови со Њукасл. Трансферната цена ќе биде помеѓу 70 и 80 милиони евра, но двата клуба сè уште не започнале преговори.

Различни извори тврдат дека Јирген Клоп одиграл голема улога во одлуката на Шешко. Поранешниот менаџер на Ливерпул во моментов е глобален директор за фудбалски операции на РБ Лајпциг и токму тој го советувал напаѓачот да го избере Њукасл пред Манчестер Јунајтед.

Шешко постигна 13 гола минатата сезона во Бундеслигата. Пред некое време, тој беше поврзуван со можен трансфер во Арсенал, но потоа „топџиите“ се свртеа кон Виктор Гекереш.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата