Раздор во Милан: Дел од играчите незадоволни од тренерот Консеисао!

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раздор во Милан: Дел од играчите незадоволни од тренерот Консеисао!

И дефинитивно се чини дека “медениот месец“ во Милан траеше само само неколку дека и тоа во Саудиска Арабија, кога на првите два меча како тренер на некогашниот гигант, новиот тренер Серџио Консеисао ги победи Јуве и Интер и го освои Суперкупот на Италија.

Но по неколку дена дојдоа проблемите кои од ден на ден ескалираат со отворена нетрпеливост меѓу дел од ѕвездите на тимот како Пулишиќ и Ернандез кон тренерот Консеисао.

Кога видел каде целата работа и Алваро Мората веднаш си заминал, не чекал двапати да му се каже дека Португалецот не смета веќе на него.

По поразот пред некој ден од Динамо Загреб и други играчи јавно ставиле до знаење дека не се задоволни од тоа како Консеисао го води тимот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата