Аморим: Треба да произведеме повеќе играчи од академијата за да можеме да ги продадеме

1.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аморим: Треба да произведеме повеќе играчи од академијата за да можеме да ги продадеме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим призна дека политиката на клубот е во суштина погрешна и дека треба, мора Јунајтед повеќе да се потпре на играчите кои ќе ги создава во својата академија. Првенствено за свој потреби, но и за потребите на буџетот со евентуалната нивна продажба.

„Тој дел е вистина“, рече Аморим за тоа дали би сакал да го изгради својот тим околу млади таленти како Гарначо и Маино. „Сакам играчи како Коби и  Гарначо. Фокусот е на подобрување на нашата академија и доведување повеќе млади таленти. Ова е нешто што треба да го искористат сите клубови во Англија. Играчите кои доаѓаат од нивните академии. Да играат, да го почувствуваат дресот, но и да ги продаваат. Значи нашиот фокус е да добиеме повеќе играчи“, – додаде Португалецот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата