По пауза од 70 години, Њукасл освои трофеј: Победа над Ливерпул за титула во Карабао Купот (ВИДЕО)

16.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По пауза од 70 години, Њукасл освои трофеј: Победа над Ливерпул за титула во Карабао Купот (ВИДЕО)

Њукасл го совлада Ливерпул со 2-1 и по цели 70 години успеа да го освои првиот клупски трофеј. Денеска во финалето на Карабао Купот на „Вембли“, „страчките“ беа далеку подобар тим од „црвените“, повеќе го посакуваа трофејот и сосема заслужено дојдоа до победата и победничкиот пехар.

За првпат по ФА Купот во 1955 година, Њукасл вечерва ќе има причина за радост и прослава. Ливерпул, по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите на домашен терен од ПСЖ, сега остана и без вториот трофеј, па ако нешто не се промени во играта на тимот на Слот и титулата во Премиерлигата може да отиде под знак прашалник.

Во 45. минута високиот Ден Бирн со глава ја погоди мрежата на Келехер и му донесе водство на Њукасл од 1.0. На самиот почеток на вториот дел Александар Исак постигна гол кој брзо беше поништен поради офсајд, но истиот фудбалер потоа успеа и вторпат да го матира Келехер за 2:0.

Надеж на Ливерпул му даде Федерико Киеза во 92. минута по брилијантното додавање на Харви Елиот и гол за конечни 2:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата