Гасперини: Судијата го уништи мечот

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гасперини: Судијата го уништи мечот

Екипата на Аталанта синоќа во дербито од Серија А колото, загуби на свој терен од Интер со 0:2. Домаќините, особено тренерот Џан Пјеро Гасперини е гневен на арбитарот на мечот, затоа што во 81. минута од мечот, го исклучи Едерсон со два последователни жолти картони, со што според искусниот стратег, директно влијаел на завршницата на дуелот. Во тој момент резултатот беше 0:1, а до крајот Интер постигна уште еден гол. Гасперини исто така доби исклучување.

“Судијата отиде предалеку во оваа ситуација. Едерсон е фер играч. Вистина е дека згреши со аплаузот, но судијата го уништи натпреварот. Има гестикулации и зборови кои се многу полоши од ироничен аплауз. После тоа, натпреварот се распадна, штета. Беше добар натпревар помеѓу првиот и третиот на табелата“ – изјави Гасперини.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата