Одбиена жалбата на Реал, останува суспензијата на Вини по инцидентот со Столе!

13.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбиена жалбата на Реал, останува суспензијата на Вини по инцидентот со Столе!

Иако и онака беше мала казната, само два меча во “аут“ заради инцидентот со Столе Димитревски, кога Винисус го удри Македонецот, сепак Реал Мадрид се жалеше на одлуката на Дисциплинската комисија на Ла Лига. Но таа жалба денеска Комсијата за жалби ја одби, па Бразилецот и дефитивно нема право да настапи на наредните два меча на “кралевите“ во Ла Лига.

Да потсетиме дека пред две недели, на “Местаља“ на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, Винисиус го удри нашиот репрезентативен голман а потоа од судијата доби директен црвен картон. Следуваше суспензија од два меча за Вини, одлука која денеска и официјално е потврдена.

Значи бадијала Реал Мадрид се жалеше.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата