Фудбалерите на Расинг Сантандер се вратија во Ла Лига по 14 години, откако го победија Ваљадолид со 4-1 (1-1) на домашен терен, со што стекнаа недостижна предност пред третопласираната Алмерија.
Расинг е лидер на табелата во втората шпанска лига со 78 бода, Депортиво Ла Коруња е на второто место со 71 и натпревар помалку, додека Алмерија е на третото место со 71 бод, две кола пред крајот на првенството.

