Николов, Херера и Шишковски со херојски 0:0 заминаа во 1/8 финалето од Конференциската лига

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николов, Херера и Шишковски со херојски 0:0 заминаа во 1/8 финалето од Конференциската лига

По цели 17 минути продолжение, и неверојатни, надчовечки напори, тимот на Борац Бања Лука за кој што настапија Бобан Николов и колумбиецот со пасош на Македонија, Херера, а Дамјан Шишковски како резерва, успеа да одигра 0:0 и со вкупни 1:0 да ја елиминира екипата на Олимпија. Тоа значи дека босанскиот тим испиша историја и се пласира во 1/8 финалето од Конференциската лига. Во март на ќе одигра двомеч или со тимот на Рапид Виена или пак со Фиорентина.

Неверојатниот меч имаше огромно продолжение поради нередите на трибините, но сето тоа ќе се заборави затоа што тимот на Борац во речиси двеста минути фудбал не прими гол.

Од друга страна пак, Бетис успеа да го елиминира Гент иако денеска загуби со 0:1, сепак, првичните 3:0 со кој што влезе во овој меч беа и повеќе од доволни за шпанскиот состав.

Конечно, тимот на Пафос со 2:1 беше подобар од Омонија и со вкупни 3:2 исто така оди во следната фаза.

 

 

рапид виена фиорентина


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата