Дон Флорентино ќе збесне: Одбиена жалбата на Реал Мадрид!

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дон Флорентино ќе збесне: Одбиена жалбата на Реал Мадрид!

Тоа е Реал Мадрид. Иако фудбалскиот свет, а посебно во јавноста во Шшанија беше шокирана од благата казна за Џуд Белингем, од само два меча забрана за настап по црвениот картон со Осасуна поради упатена пцовка кон судијата, “кралевите“ се жалеа и на таа смешна казна.

Сепак попладнево информацијата од Шпанија вели дека надлежната комисија за жалби во Ла Лига во целост ја одбила жалбата на “кралевите“ па така Англичанецот ќе мора да паузира на два меча во домашниот шампионат.

Инаку Белингем ќе го попушти и првиот меч во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите на „Сантијаго Бернабеу“ против Атлетико Мадрид поради тоа што на мечот со Сити го доби третиот жолт картон оваа сезона во ЛШ.

По се ова повеќе од јасно е дека Дон Флорентино ќе збесне.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата