Брентфорд го растури Лестер!

21.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брентфорд го растури Лестер!

Лестер – Брентфорд 0:4 е епилогот од вечерашниот меч во рамките на 26.коло во Премиерлигата. Блескава игра и блескава победа на гостите, додека “лисиците“ на свој терен на Кинг Пауер“ стадионот одиграа срамно, па затоа дел од домашните фанови уште по првото полувреме предвреме си заминаа и го оставија својот тим да се мачи со гостинскиот состав.

Инаку се почна во 17.минута кога Виса стрелаше за 0:1. Десет минути подоцна гостите поведоа со 0:2 и тоа со голот на Мбеумо. На пауза се замина со 0:3 и тоа со голот на Норгард во 32.минута.

До крајот стрелаше Карваљо за конечни 0:4 во таа 89.минута.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата