Нестор погоди во поразот на Удинезе, Торино ја „сотре“ Специја (ВИДЕО)

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нестор погоди во поразот на Удинезе, Торино ја „сотре“ Специја (ВИДЕО)

И покрај тоа што имаше водство од 0:2, од кој еден гол постигна и нашиот Илија Несторовски сепак, на крајот тимот на Удинезе успеа да загуби со 3:2 на гостувањето кај Салернитана.

Нашиот Нестро погоди за 0:2 во средината на првиот дел и тогаш ништо не покажуваше дека мечот ќе отиде во сосема спротивен правец. Сепак, до крајот на мечот домаќините преку Кастањос, Кандрева и Трост Еконг дојдоа до водство и конечен триумф.

Од друга страна во вториот дуел од пладневната програма во Серија А, тимот на Торино со головите на Вишниевски, Ричи, Илиќ и Карамох дојде до убедлив триумф кај Специја од 0:4.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата