Баерн Минхен на својата официјална веб страна објави дека го продолжи договорот со својата млада ѕвезда Џамал Мусиала. Новиот договор е со важност до 2030 година, но финансиските детали од договорот не беа прецизирани.
Претходно беше објавено дека преговорите на Баерн со Мусиала наишле на тешкотии. Клубот не сакаше да вклучи фиксна откупна клаузула во новиот договор, но играчот инсистираше на тоа.
Мусиала оваа сезона одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигна 14 голови и имаше шест асистенции. Претходниот договор на играчот со клубот беше со важност до летото 2026 година.