Мота: И играчите знаат дека мечот со ПСВ е најважниот за нас оваа сезона!

19.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мота: И играчите знаат дека мечот со ПСВ е најважниот за нас оваа сезона!

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота во пресрет на утрешниот натпревар на гости против ПСВ Ајндховен во реваншот од 1/16-финалето на Лигата на шампионите истакна дека овој меч за Јуве е најважниот оваа сезона.

Бјанконерите имаат мало водство откако победија со 2-1 во првиот натпревар.

„Даглас Луис нема да биде со нас и се надеваме дека ќе се врати што е можно поскоро. Андреа Камбијасо ќе биде во тимот, иако вчера тренираше одвоено како мерка на претпазливост, но добро е. Ја знаеме важноста на натпреварот, но доаѓаме со домашна победа против Интер и подготвени сме да одиграме цел натпревар за да заслужиме да се пласираме во осминафиналето Ова е најважниот натпревар во нашата сезона досега“, истакна Мота.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата