Моќна Норвешка: Халанд и другарите ја растурија Италија и со стил се пласираа на Мундијалот!

16.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Моќна Норвешка: Халанд и другарите ја растурија Италија и со стил се пласираа на Мундијалот!
ФОТО: Fotballandslaget/FB

Уф, каква е оваа Норвешка? Моќна, силна, фантастична. Во пресрет на овој меч, кој вечерва се одигра во Милано, на Италија и требаше победа од најмалку девет голови разлика за да заврши како прва во групата И. Но не само што не победи со толкава разлика, туку беше прегазена со 1:4. Повеќе играчки отколку резултатски.

Интересно, Италија поведе со голот на Еспосито во 11.минута, но тоа како да ги налути Норвежаните, па до крајот со двата гола на Халанд и на Нуса и Ларсен победија со 1:4 и со стил завршија како први и со тоа се пласираа директно на Мундијалот.

Осум меча, осум победи со неверојатна гол – разлика 37:5 или +32, или вкупно 7:1 против Италија на двата меча.

Италија повторно ќе игра бараж за пласман на СП.

На вториот меч од оваа група Израел ја победи Молдавија со 4:1


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата