Модриќ го “круниса“ својот наследник во Реал Мадрид!(ВИДЕО)

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Модриќ го “круниса“ својот наследник во Реал Мадрид!(ВИДЕО)

По поразот, односно по дебаклот од ПСЖ на СКП, Лука Модриќ и дефинитивно си замина од Реал Мадрид. Тој веќе не е член на “кралевите“, во клубот када стана вистинска легенда.

Познато е дека неговата кариера ќе продолжи во Милан.

Инаку при заминување тој со пригодни зборови се збогуваше со сите во Реал Мадрид, а интересно е и тоа што, како што се гледа од видеото, го “круниса“ својот наследник давајќи му го својот дрес со бр.10.

Тоа е Арда Ѓулер, младиот турски репрезентативец кој ја имаше таа чест да го добие дресот од Хрватот. Ова значи, според медиумите во Шпанија дека Лука Модриќ го одредил својот наследник.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата