Иконата на Лестер, Џејми Варди, подолго време се споменуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија или во МЛС. Засега од тоа нема ништо, но последните информации велат дека за него пројавил интерес Валенсија, која сеуште важи за еден од најголемите клубови во Шпанија.
Уште повеќе, преговорите биле во тек а тренерот на Валенсија, Карлос Корберан сметал дека токму Варди му треба во нападот.
Ова по малку звучи неверојатно со оглед на годините на некогашниот репрезентативец на Англија.
Но кај Корберан се е можно. Ако тој не го гледа нашиот Столе Димитриевски како прва опција за голманската позиција, тогаш не е ни чудно што смета дека Варди ќе му биде големо засилување.
Секоја чест за Варди и неговите досегашна кариера и за она што направи во Лестер, но тој има полни 38 години.
ФОТО: ФЦ Лестер/Х