Спектакл на “Бомбоњера“: Паредес се врати дома!(ВИДЕО)

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спектакл на “Бомбоњера“: Паредес се врати дома!(ВИДЕО)

Леандро Паредес се врати дома. Светскиот првак со Аргентина во наредниот период ќе го носи дресот на својот омилен клуб. Откако стана јасно дека за него нема место во новата Рома на Гасперини, тој имаше неколку понуди да остане во Европа, можеше да замине и во Саудиска Арабија, но се одлучи да се врати дома, на “Бомбоњера“.

А таму спектакл, само фановите на Бока знаат како тоа да го напарават. Кога Паредес се појави на теренот, “Бомбоњера“ се тресеше во буквална смисла.

Ете затоа Паредес се врати дома…а играше и за Јувентус, Зенит, ПСЖ!

ФОТО: ФЦ Бока Јуниорс/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата