Милитао во „аут“ за следните мечеви на Реал Мадрид

19.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милитао во „аут“ за следните мечеви на Реал Мадрид

Проблем за тимот на Реал Мадрид и тренерот Чаби Алонсо. Стандардниот дефанзивец, Едер Милитао е повреден, за среќа не така сериозно, но во секој случај тој нема да биде во можност да му помогне на тимот во следните две до три недели.

Милитато го повреди мускулот за време на пријателскиот натпревар на Бразил против Тунис, кој се одигра во Франција.

„По тестовите извршени денес врз нашиот играч Едер Милитао од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, кај него е дијагностицирана повреда на мускулот на адукторот на десната нога. Неговото закрепнување ќе биде следено“, соопшти клубот на својата веб-страница.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата