Милан со два гола за две минути ја сруши Џенова

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан со два гола за две минути ја сруши Џенова

Фудбалерите на Милан ја совладаа екипата на Џенова со 1:2 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Фудбалерите предводени од Серхио Консеисао имаа тешка задача вечерва на стадионот Луиџи Ферарис, но сепак „росонерите“ извојуваа нова победа.

Резултатот го отвори Витиња во 61-та минута за водство на домашните, но во 76-тата со голот на Леао и само една минута подоцна со автоголот на Френдруп, Милан стигна до победата.

Со оваа победа Милан се аноѓа на 9-тото место на табелата со 57 бода, а Џенова се наоѓа на 13-тата позиција со 39 бодови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата