Екипата на Џирона ја совлада екипата на Мајорка со 1:0 во натпреварот од шпанската Ла Лига. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски влезе од клупата во 87-та минута и одигра само 7 минути.
Единствениот погодок на мечот го постигна Стуани во 10-тата минута. Со оваа победа Џирона се искачи на 15-тото место на табелата со само 38 бода, а Мајорка има нешто подобар пласман и се наоѓа на 10-тата позиција со 44 бода.