УЕФА го казни Реал за расизам, навивачите им се заканува со забрана за гостувања .

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА го казни Реал за расизам, навивачите им се заканува со забрана за гостувања        .

УЕФА го казни Реал Мадрид со 15.000 евра поради расистички скандирања од страна на нивните навивачи за време на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал. Инцидентот се случи на 8 април на стадионот „Емирати“, а Дисциплинската комисија на УЕФА брзо реагираше и го казни Реал.

Покрај паричната казна, на Реал му беше изречена и условна мерка – доколку сличен инцидент се повтори во рок од една година, на навивачите на мадридскиот клуб ќе им биде забрането да присуствуваат на еден европски натпревар. Со овој потег, УЕФА уште еднаш испрати јасна порака дека расизмот нема место во фудбалот и најави дополнителни построги казни за слични прекршоци.

За потсетување, Арсенал го доби првиот натпревар на домашен терен со 3-0 благодарение на двата брилијантни слободни удари на Деклан Рајс и голот на Микел Мерино. Во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал не успеа да ја анулира негативата. Арсенал беше подобар и во Мадрид, победувајќи со 2:1 и со тоа обезбедувајќи пласман во полуфиналето на елитното натпреварување.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата