Мексико со добар тест против Гана пред стартот на Мундијалот (ВИДЕО)

23.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мексико со добар тест против Гана пред стартот на Мундијалот (ВИДЕО)

Еден од домаќините на претстојниот Мундијал, кој што стартува за околу три недели, репрезенатцијата на Мексико, имаше добар тест дуел против селекцијата на Гана.

Мечот одигран во градот Пуебла кој што нема да биде домаќин на ниту еден меч од турнирот, заврши со конечни 2:0, со головите на Гутиерез и Мартинез.

Гана пак со својот нов селектор Карлос Квеирош имаше неколку ситуации најпрво да израмни, а потоа и да ја намали негативата но сепак тоа не се случи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата