Грчкиот гигант Панатинаикос официјално објави дека се разделува од главниот тренер Рафаел Бенитез. Шпанскиот специјалист го презеде тимот во октомври 2025 година.
„Ви благодариме за сè, господине. Ви посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во пораката објавена на профилот на Панатинаикос на социјалната мрежа „X“.
Под водство на Бенитез, ПАО заврши на четвртото место во грчкото првенство, собрајќи 52 бода. „Детелинците“ беа 20 бода зад шампионот АЕК.
Рафаел Бенитез е познат по своите успеси на чело на Валенсија, со која двапати ја освои титулата во Ла Лига и триумфираше на турнирот во Купот на УЕФА. Помеѓу 2004 и 2010 година, тој го водеше Ливерпул, а под негово водство Мерсисајдерс ја освоија Лигата на шампионите во сезоната 2004/2005.

