И дефинитивно односите меѓу селекторот на Франција, Дидие Дешамп и капитенот Килијан Мбапе се изгладени, фудбалски кажано. Откако не беше во составот во октомври и ноември, а потоа имаше и разгласие околу тоа зошто не бил повикан, сега се е во ред.
Ова го велиме зошто Мбапе се најде на списокот на играчи на кои Дешамп смета за дуелите со Хрватска, кои се играат на 20 и 23 овој месец во рамките на Лигата на Нации.
Последен пат Мбапе за Франција играше на 9 септември против Белгија.
Ова е списокот на Дешам за двомечот со Хрватска: