Масовен тифо протест во Германија против новите државни правила

16.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Масовен тифо протест во Германија против новите државни правила

Поради воведување на нови безбедноснни правила за навивачите во Германија, пред за време и по мечевите од Бундес лигата, илјадници тифози денеска во Лајпциг протестираа во очи на дуелот на Германија против Словачка на домашен терен.

Околу десетина илјади навивачи, поддржувачи на многу клубови од Германија организирано застанаа против новите правила за кои сметаат дека се нелогични и се косат со основата на навивањето односно поддржувањето на фудбалските екипи.

Она што властите го налагаат се персонализирани билети, користење на технологија за препознавање на лица, и основање на комисија за сабрана за влез на стадиони.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата