Марк Касадо два месеци надвор од терените

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марк Касадо два месеци надвор од терените

На вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид на кој Барселона триумфираше со 2:4, двајца првотимци на каталонскиот клуб заработија повреди. Имено Иниго Мартинез и Марк Касадо заработија повреди на дуелот против Атлетико и ќе ги пропуштат натпреварите од интернационалната пауза.

Иниго Мартинез има полесна повреда на коленото, додека пак повредата на Касадо е посериозна и тој ќе отсуствува од теренот најмалку 2 месеци. Касадо и Мартинез во репрезентацијата на Шпанија ќе бидат заменети од Дин Хујсен од Борнмут и Алеиш Гарсија од Баер Леверкузен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата