Мареска: На играчите им реков дека ако сакаме да бидеме голем тим, мора да ја завршиме сезоната со трофеј!

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мареска: На играчите им реков дека ако сакаме да бидеме голем тим, мора да ја завршиме сезоната со трофеј!
фото: Chelsea (X)

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, не ја криеше радоста по убедливата победа од 4-1 над Бетис во финалето на Конференциската лига. Лондончани триумфираа во Вроцлав, и покрај тоа што губеа на полувремето.

Италијанскиот специјалист призна дека првото полувреме не било на нивото на кое очекувал од своите играчи, но го нагласи карактерот и силната реакција на тимот по паузата.

„Многу сум среќен. Во првото полувреме немавме правилен пристап. Пред финалето им реков на играчите: ако сакаме да бидеме голем тим, мора да ја завршиме сезоната со трофеј“, изјави Мареска.

„Научивме да победуваме кога не сме во најдобра форма. Тоа е клучно за млад тим како нашиот“, додаде Мареска по вчерашниот меч.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата