Бајката продолжува: Шчесни уште една година во Барселона!

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајката продолжува: Шчесни уште една година во Барселона!

Бајката или “филмската приказна“ меѓу Барселона и Војчех Шчесни нема да заврши така брзо. Имено голманот на каталонскиот гигант за медиумите во Полска истакна дека се договорил со раководството на Барса да ја продолжат соработката најмалку за уште една година.

Познато е дека Шчесни (35 г), во Барселона дојде да биде резерва откако се повреди Тер Штеген, но набрзо не само што стана прв голман туку беше и еден од клучните фактори во тимот на Ханси Флик за освојување на трие трофеи сезонава.

Да, се договорив со Барса. Ќе потпишам едногодишен договор со опција за уште една сезона“ истакна Шчесни.

Кога сме кај голманите се чини дека Тер Штеген ќе мора да се оди ако се знае дека Ханси Флик нема преголема доверба во својот сонародник.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата