Мануел Нојер го пропушта и реваншот со Интер

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мануел Нојер го пропушта и реваншот со Интер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер нема да биде подготвен да се врати на терен за време на реваншот од Лигата на Шампионите кој неговиот тим го игра против тимот на Интер во Милано.

Германците го загубија првиот меч на „Алијанц Арена“ со 1:2 и сега им е потребен триумф на Џузепе Меаца како би се пласирале во следната фаза. Сепак, тоа ќе мора да го сторат без првиот голман кој е повреден.

Нојер се опоравува од повредата на потколеницата здобиена на петти март откако прослави гол за својот тим Баерн во пресметката со Баер Леверкузен. Се шпекулираше дека Нојер може да биде фит за овој дуел, но стручниот штаб на Винсент Компани одлучи да не го ризикува здравјето на 39-годишниот чувар.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата