Многу потешко отколку што очекуваа сите, Барслеона и Пари Сент Жермен се најдоа во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Вечерва во реванш четвртфиналните дуели во Бирмингем и Дортмунд, домашните тимови кои претрпеа убедливи порази на првите средби пред една недела, успеаја да дојдат до победи, но недоволни ниту за продолженија.
Драматично беше во Бирмингем каде Астон Вила со фантастично второ полувреме успеа да дојде до победа над ПСЖ од 3:2 и само еден гол ги делеше момците на Унаи Емери од породолженија. ПСЖ се бранеше, но само поради фантастичниот Донарума успеа да се протне меѓу четирите најдобри во Европа. Гостите во првиот дел водеа со 1:2, но во второто полувреме со головите на МекЏин и Конса домашните до 57. минута имаа 3:2, а во продолжение Асенсио промаши „зицер“ за 4:2 што се чини беше и клучен момент на мечот. До крајот видовме уште неколку добри шанси и на двете страни, но резултатот остана непроменет.
Барселона одигра далеку под нивото и дозволи Борусија (Д) до крај да го држи мечот во полна неизвесност. Неверојатниот Гираси со три гола и донесе победа на домашната екипа, а се чини автоголот на Бенсебаини ги пресече надежите на „милионерите“. Барселона стигна до полуфиналето, но вечерва беше далеку од нивото кое го очекуваа нивните фудбалери.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
БОРУСИЈА (Д) – БАРСЕЛОНА 3:1 / 0:4 (3:5)
АСТОН ВИЛА – ПСЖ 3:2 / 1:3 (4:5)