Лутиот Јамал не сакаше да се поздрави со Флик (ВИДЕО)

5.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лутиот Јамал не сакаше да се поздрави со Флик (ВИДЕО)

Со среќниот гол на Левандовски, Барселона синоќа славеше против Атлетико (М) со 2:1, но еден момент го обележи крајот на натпреварот. Камерите по последниот свиреж на судијата, регистрираа као Јамал го напушти теренот видливо незадоволен без да ги поздрави со противничките играчи или тренерот Ханси Флик. На пат кон соблекувалната, очигледно му реше нешто на Германецот и покажа со прстот зад него, пред луто да се врати во соблекувалната.

По натпреварот, германски експерт го коментираше инцидентот.

„Не знам точно за што се работи, но како што реков, натпреварот беше полн со емоции. Сакам да кажам дека Ламин даде сè од себе за да го постигне вториот гол. Тоа е одлично. Секако, не беше сè совршено, но тој навистина се потруди. Кога ќе ја прими топката, секогаш е достапен и тоа е многу добра ситуација за нас. Така го гледам тоа. Следната недела е Лигата на шампионите, за која ќе се подготвуваме, и верувам дека ќе биде во подобро расположение“, изјавил Флик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата